Три нови имиња во составот на Каменица Саса

585

Иван Николоски, младинскиот репрезентативен голман на Македонија (У21), е ново засилување за второлигашот Каменица Саса.

20-годишниот Николоски доаѓа како големо засилување за Каменица Саса од екипата на прилепска Победа. Претходно има настапувано за прволигашките состави на Беласица, Воска, Силекс, Работнички, Дрита и Влазними.

Покрај Николоски, Каменица Саса престави уште две нови имиња. 20-годишниот Александар Смилков доаѓа од редовите Детонит Плачковица и ќе биде засилување во нападот, додека Бурим Алиев ќе ја засили одбраната на стоперската позиција и во Саса доаѓа од  Швајцарија каде настапувал за нисколигашот Приштина Берн.

ПретходноКуп на ОФМ: Фаворитките не оставија простор за изненадување
СледноРоџерс Мато од Уганда е последното засилување за Брера