Тројца ракометари на Мулти Есенс „прекомандувани“ во Алкалоид

327

По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ во македонската Суперлига со скор од 14 победи од 14 натпревари клубот денеска објави дека се донесени неколку одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плеј-оф натпреварувањето.

Јуниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис, ракометар кој игра на позицијата пивот од редовите на РК Мулти Есенс ќе се пресели во екипата на РК Алкалоид.

Десното крило Мартин Димовски кој во првиот дел од сезоната играше за екипата на РК Мулти Есенс, во пролетниот дел ќе биде дел од екипата на РК Алкалоид.

Голманот Виктор Василевски од екипата на РК Мулти Есенс во плејоф продолжението на сезоната ќе настапува за екипата на РК Алкалоид.

ПретходноКошаркар на Мајами прегази човек кому лекарите морале да му ампутираат дел од ногата
СледноСуперлигата ќе ја тужи УЕФА и ќе бара отштета од 3,5 милијарди евра!?