Шарл Леклер e „шокиран и разочаран“ од веста за доаѓањето на Луис Хамилтон во Ферари, пишува италијанскиот „Кориере дело спорт“.
Овој весник, повикувајќи се на извори во „Скудерија“, наведува дека младиот возач е потресен од веста за промените во тимот, за кои не знаел ништо до последниот час.
„Кориере“ наведува и дека штабот на Леклер е загрижен оти Хамилтон би можел да ја добие улогата на прв и привилегиран возач во тимот, но истакнуваат дека ниту самиот возач, ниту неговите блиски соработници во наредниот период нема да се огласат во врска со веста.
Леклер неодамна го продолжи договорот со Ферари на неопределено време, иако во јавноста се појавија неофицијални информации дека соработката е потпишана на уште три сезони.