Чеферин: Нема да се кандидирам за нов мандат!

92

Нема веќе дилеми иако имаше разни шпекулации. Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА нема да се кандидира за нов мандат, четврти. Иако конгресот на УЕФА тоа му го овозможи, сепак тој јавно кажа:

Одлучив пред шест месеци, на организацијата и треба промени, и треба свежа крв. Зборував со моето семејство, со моите пријатели и одлучив. Нема да се кандидарам за нов мандат, нема да продолжам по 2027 кога ми истекува сегашниот мандат како претседател на УЕФА“ посочи Словенецот кој на чело на УЕФА е од 2016 година.

Инаку тој и тоа како удри по организаторите на Суперлигата, ги нарече предатори, луѓе кои сакаат да ја сменат историјата и дека ги интересираат само парите а не фудбалот воопшто како спорт.

ПретходноКонгрес на УЕФА: Одобрена стратегијата на УЕФА – Обединети за успех 2024 – 2030!
СледноОткриено е колку Мбапе ќе заработува во Реал Мадрид!