Едно од новите имиња оваа зима во таборот на Шкупи, Клемент Ансах, сепак ќе почека да заигра за чаирчани на еден официјален натпревар. Имено како што објавија денеска од раководството на клубот, Ансах е испратен на позајмица во тимот на Чорум Спор, тим од Втората лига во Турција.
Оваа позајмица ќе трае до крајот на сезоната, а потоа во јуни Ансах се враќа на Чаир.