И селекторот знаел да се смее: Милевски во друштво на раководството на шампионот!

796

Денеска селекторот Благоја Милевски е во Париз, каде попладне од 18 часот ќе присуствува на ждрепката за новото издание во Лигата на Нации. Минатата недела тој беше во Анталија каде на лице место ја проследи моменталната форма на кандидатите за репрезентацијата, се разбира одгледа и по една средба на сите наши екипи кои се подготвуваа во познатиот спортско – туристички центар во Турција.

Присуствуваше и на средбата меѓу Струга ТЛ – Лоѓ и тоа во друштво на раководството на шампионот, директорот Бесарт Исаку и секретарот Мифтар Шаќири, тука беше и Зоран Зафиров, секретарот на репрезентацијата.

Дека муабетот им тргна доказ е и насмевката на селекторот Милевски, кого ретко го гледаме во вакво издание.

ПретходноРоџерс Мато од Уганда е последното засилување за Брера
СледноБогдановиќ може да биде трејдуван во Филаделфија