Клоп ја отфрли можноста на лето да ја преземе Барселона

224

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да прифати никаква понуда од Барселона да биде замената за Чави на клупата на Каталонците. Веста ја потврди каталонското радио.

Според некои извори, Клоп беше споменуван како наследник на Чави, но Германецот ја отфрлил можноста да седне на клупата на Барселона следната сезона бидејќи сака да се одмори по заминувањето од Ливерпул.

И Чави и Клоп најавија дека ќе ги напуштат Барселона, односно Ливерпул по завршувањето на сезоната 2023/2024.

ПретходноМбапе се повреди на една недела пред нокаут-фазата од Лигата на шампионите
СледноОфицијално: Џеси Лингард е нов играч на Сеул