Синоќа се одиграа осминафиналните дуели во Купот на Македонија во машка конкуренција, по кои и официјално се познати сите учесници во четвртфиналето. Претходно, екипите на Струмица, Штип УГД, Лирија и Работнички 71&22, обезбедија директен пласман во следната фаза, а вчера уште четири екипи низ осминафинале обезбедија место во следната рунда.
Најинтересно беше на пресметката во Велес меѓу ГОК Борец и Сушево, каде упорните гости му зададоа голем проблем на домашниот тим, кој дури во петтиот сет успеа да се избори за победа.
Куп на Македонија (мажи) – осминафинале
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:22, 25:13)
Весна Пробиштип – Вардар 3:1 (16:25, 25:12, 25:18, 25:14)
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:18, 25:13, 25:19)
ГОК Борец – Сушево 3:2 (27:25, 19:25, 25:12, 22:25, 15:8)