Куп на ОФМ: Фаворитките не оставија простор за изненадување

170

Вчера и одбојкарките ги почнаа своите активности во пролетниот дел од сезоната. Прв чекор беа дуелите од Купот на Македонија, каде на програмата беа осминафиналните средби. Се играше по еден меч, а фаворитите комплетно ги оправдаа очекувањата.

Со оглед на тоа што во само два меча гостите успеаја да освојат по еден сет, домашните екипи беспрекорно и се чини рутински го потврдија патот во четвртфиналето.

Куп на Македонија (жени) – осминафинале

Струмица – Македонија Макс                        3:0 (25:9, 25:13, 25:6)

Јанта волеј – Форца волеј Ема                      3:0 (25:11, 25:13, 25:18)

Наковски волеј – Виктори волеј                     3:0 (25:12, 25:15, 25:11)

Работнички – Фламинго волеј                       3:0 (25:5, 25:2, 25:7)

Фит фан волеј – Бами Кор                             3:1 (23:25, 25:11, 25:20, 25:15)

Младост УГД – Ускана                                   3:1 (23:25, 27:25, 25:13, 25:18)

Вардар ЕМ – Газели волеј                             3:0 (25:22, 25:14, 25:8)

Пелистер волеј – Вардар 2019                     3:0 (25:12, 25:9, 25:11)

ПретходноСуперлигата ќе ја тужи УЕФА и ќе бара отштета од 3,5 милијарди евра!?
СледноТри нови имиња во составот на Каменица Саса