Ова е голманката на Нигер, на еден меч прими 11 голови, ама еден е нестварен! (ВИДЕО)

1411

Голманката на У-17 селекцијата на Нигер, деновиве е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во светот. Секако кога ќе примиш 11 голови на еден меч и тоа против Мароко, мораш да ги истрпиш бројните коментари.

Сепак еден гол е нестварен, надреален што се вели.

Таа по еден центаршут ја собра топката со раце и место да ја додаде до некоја од своите соиграчки, таа ја спушти долу топката со намера некој да ја дегажира таа топка. Нормално дека една фудбалерка на Мароко го виде тоа и непречено си постигна гол.

Нешто слично како што на времето пред околу 45 години, на дербито Партизан – Ц. Звезда, голманот на “црно-белите“ Петар Борота го направи тоа што го направи па прими гол.

ПретходноСензационално: Тони Крос потпишува за Јувентус!
СледноФерари си направи проблем: Леклер шокиран од веста за доаѓањето на Хамилтон