Роџерс Мато од Уганда е последното засилување за Брера

273

Струмичка Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20-годишниот Роџерс Мато од Уганда, кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор.

Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап и има 3 постигнати голови.

Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството.

ПретходноТри нови имиња во составот на Каменица Саса
СледноИ селекторот знаел да се смее: Милевски во друштво на раководството на шампионот!