Шкупи го испрати Ансах на позајмица во второлигашки клуб во Турција!

279

Едно од новите имиња оваа зима во таборот на Шкупи, Клемент Ансах, сепак ќе почека да заигра за чаирчани на еден официјален натпревар. Имено како што објавија денеска од раководството на клубот, Ансах е испратен на позајмица во тимот на Чорум Спор, тим од Втората лига во Турција.

Оваа позајмица ќе трае до крајот на сезоната, а потоа во јуни Ансах се враќа на Чаир.

ПретходноБогдановиќ може да биде трејдуван во Филаделфија
СледноЛина со пласман во 1/4 финалето во Анталија!