Сагата продолжува: ПСЖ со спектакуларна понуда до Мбапе!

1257

Иако речиси се е готово, иако веќе сите го гледаат Килијан Мбапе во Реал Мадрид од јуни па натаму, сепак ПСЖ не се откажува така лесно. Имено најново е тоа што катарските шеици со спектаклуларна понуда ќе се обидат да го натераат Мбапе да остане во Париз.

А таа спектакуларна понуда е 160 милиони евра за две години и плус разни бонуси. Тоа е трипати повеќе од тоа што Реал му го нуди на веројатно најдобриот фудбалер во светот во овој момент.

Сега останува самиот Мбапе, секако и неговата мајка, која му е менаџер, да одлучат.

ПретходноБарселона нема пари, ќе мора да го продава Де Јонг за 100 милиони евра!
СледноЦ. Звезда со пораз во “Штарк Арената“ од Жалгирис!