Во меч од 26.коло во Евролигата, во меч во кој по секоја цена требаше да се победи, сепак „црвено – белите“ пред своите фанови во „Штарк Арената“ се поразени од Жалгирис со 91:93. Драмата која беше присутна речиси во текот на целиот меч а посебно во последните мигови им припадна на гостите од Литванија.
Сепак се чини дека судиите беа посебна приказна на оваа средба, иако искрено Ц. Звезда самата си е виновна за поразот.
Во последните секунди гостинскиот кошаркар се чини дека ја згазна линијата кога ја изведуваше топката, судиите тоа не го видоа така по што се разгневија, па така место топка за домашните, тие потоа пресудија фаул над Димша кој од слободни фрлања зголеми на 89:93. До крајот и покрај сите напори “црбено – белите“ успеаја само да го намалат резултатот на конечни 91:93.
На останатите мечеви вечерва Панатинаикос го победи Фенербахче со 74:63, потоа Барселона беше убедлива против Алба со 93:77.