Анчелоти: Победа над Џирона не ни гарантира титула!

181

Утре од 18:30 часот на “Сантијаго Бернабеу“ во дербито на колото во Ла Лига, Реал Мадрид ја пречекува Џирона. Тоа ќе биде меч меѓу првиот на табелата и вториот. Се разбира дека што и да се случи овојаа средба нема да го реши шампионот, но ако победи Реал тогаш ќе има пет бода предност, а тоа секако дека е голема предност за таков тим каков што се Реал Мадрид.

Карло Анчелоти денеска на прес покрај другото го кажа и ова:

Тоа ќе биде тежок меч за двете екипи. Џирона досега покажа дека заслужува да биде при врвот на табелата. Мислам дека што и да се случи, поточно ако ние победиме тоа нема да ни ја гарантира титулата. Остануваат уште многу натпревари за играње“ посочи Дон Карло.

ПретходноНагелсман нема да ја предводи Германија по ЕП
СледноНа Џајиќ и Пикси им се стемни кога видоа дека повторно им се падна Швајцарија!