Барди за „СпортСпорт“: Нема лесен противник, нема лесна група, тоа да ни е јасно

192

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нациите. Ние сме во група Ц4 со Фарски острови, Летонија и по кој знае кој пат ќе играме со Ерменија. Противници кои не смеат да се потценат иако на прв поглед изгледа дека сме во супер група.
Во претходните групи навистина немавме ни малку среќа, но пак мислам дека напредуваме во тие натпревари против силни противници. Треба да ни е јасно дека нема лесна група, ниту лесен противник. Секогаш со вакви противници (за кои сметаме дека не се од европскиот врв) е тешко да се игра. Ни треба победнички менталитет и секој од нас да биде психички спремен.
Сигурен сум дека нема да дозволиме ни најмалку да се потцени групата и дека секој натпревар во националниот дрес е важен за наше име и за цела нација“, изјави Барди.

ПретходноДешамп: Со почетокот на ЕП можеби Мбапе ќе ви одговори на прашањето кое ве мачи
СледноОдредени двојките за четвртфиналето на Купот на ОФМ