И дефинитивно во јуни Френки де Јонг си заминува од Барселона. Тоа е негова желба, но тоа е желба и на самиот каталонскли гигант кој и покрај големите напори што ги прави сепак и натаму има големи проблеми околу финансиите па така ќе мора во јуни по секоја цена да го продаде играчот за врска од Холандија.
Цената е 100 милиони евра, а уште отсега свој интерес пројавуваат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи, клубови кои немаат никакви проблеми да дадат толку пари за репрезентативецот на Холандија.
Инаку Де Јонг во Барса зема 25 милиони евра бруто и тоа е уште една причина зошто Хоан Лапорта сака токму Де Јонг да го продаде. Инаку крајниот рок за Барса да се стабилизира финансиски е 30 јуни.