Галевски се врати меѓу „лавовите“

306

Крилниот фудбалер Иван Галевски е нов член на Македонија Ѓорче Петров. Последен клуб му беше Брера Струмица, а претходно играше за уште неколку македонски клубови. Галевски потекнува од школата на „Лавовите“, а кариерата ја градеше во Кит Го, Еуромилк, Силекс, Струга, Победа и Брера, а играше и за португалски Луситано.
Освен Галевски во Македонија Ѓорче Петров пристигнаа Алекс Златков, Страхиња Павишиќ, Џонатан Балотели, Џонатан Жилберто, Давид Родригез и екс-репрезентативецот Крсте Велкоски.

ПретходноАмичитиа и Поповски го продолжија договорот до 2026 година
СледноГрчевски го скрати списокот на Македонија