Вечерва на “Сигнал Идуна Парк“, во меч од 21.коло во Бундеслигата, Борусија Дортмунд со убедливи 3:0 успеа да го победи Фрајбург и да го задржи тоа четврто место на табелата.
Убава игра, повеќе креирани шанси и кога е така тогаш нормално е што “милионерите“ победија и тоа повеќе од убедливо.
Стрелци на головите беа Мален во 16. и 45+7.минута, како и Фулкруг во 87.минута. Сега Дортмунд има 40 бодови, четири повеќе од петтиот Лајпциг но и меч повеќе.