Коби Брајант овековечен со бронзена статуа пред арената на Лејкерс

126

Во Лос Анџелес се одржа свечена церемонија, во Арената „Крипто.ком“  беше откриена статуата на Коби Брајант, легендарниот американски кошаркар и поранешна ѕвезда на „езерџиите“. Пред четири години, пензионираниот 41-годишен Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка, шест патници и пилотот.

Делото е дело на Џули Ротблат Амрани, а скулптурата која е бронзена го прикажува легендарниот кошаркар со показалецот од десната рака насочен кон небото. Тоа беше моментот кога го напушти паркетот во јануари 2006 година, откако постигна 81 поен против Торонто.

Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата, во текот на својата кариера пет пати беше шампион во НБА, секој пат во ЛА Лејкерс, каде ја мина целата своја кариера. Два пати беше прогласуван за најкорисен играч во финалната серија, осумнаесет пати се појави на игрите на НБА Ол Стар и освои два олимписки златни медали.

Својата блескава кариера ја заврши со 33.643 постигнати кошеви, 7.047 скокови и 6.306 асистенции. Тој е четвртиот најдобар стрелец во историјата на НБА.

ПретходноЈакимовски „решеташе“ во НЦАА, пет тројки во победата на Вашингтон
СледноВардар чека нов странец, генералката со Саса