Левандовски: Знам зошто му е толку тешко на Чави

121

Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски го сподели своето мислење за работата на Чави Хернандез како главен тренер на каталонскиот гигант и ја пофали неговата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната.

„Кога си тренер или играч на Барселона, притисокот е огромен. Сепак, ова е нормално. Сега тимот е во тежок период бидејќи многу од играчите се млади и очекувањата од нив се големи. Разбирам што значи сето ова за Чави. Тој е поранешен фудбалер на Барса, а сега е тренер на тимот. Од емотивна гледна точка, секако дека му е многу тешко“, изјави Левандовски во интервју за каталонскиот весник „Спорт“.

„Мораме да се концентрираме на остатокот од сезоната затоа што се уште можеме да постигнеме нешто големо со Чави. Лично сум исклучително мотивиран“, додаде Полјакот.

Запрашан за сопствената иднина, Лева одговори: „Се чувствувам одлично во Барселона. И на моето семејство му се допаѓа градот и сите сме среќни“.

Левандовски се пресели во Барса во 2022 година од Баерн (Минхен). Неговиот договор е до 2026 година, но се шпекулира дека полскиот напаѓач ќе си замине на лето.

Претходно„Сите ќе ни стојат мирно пред нас…“
СледноФИФА се огласи за синиот картон: Опуштете се!