Македонската фудбалска репрезентација вчера имаше таличен ден во Париз каде доби извонтредна група од новото издание од Лигата на нации на УЕФА.
Нашиот национален тим се најде во иста група со старите познаници Ерменија и Летонија, но и со селекцијата на Фарските острови. Токму против оваа репрезентација го почнуваме циклусот во септември кога сме во улогата на гости додека со истата селекција во Скопје во ноември треба да го завериме и прославиме првото место во Ц зоната од Лигата на нации и да добиеме шанса преку ова натпреварување да влеземе во игра за пласман на СП.
Распоредот на Македонија:
Фарски Острови – Македонија (7.9.24 – 15 часот)
Македонија – Ерменија (10.9.24 – 20:45 часот)
Летонија – Македонија (10.10.24 – 20.45 часот)
Ермeнија – Македонија (13.10.24 – 18 часот)
Македонија – Летонија (14.11.24 – 20:45 часот)
Македонија – Фарски острови (17.11.24 – 15 часот)