„Милан за малку ќе банкротираше, фудбалот мора да се сфати како индустрија“

1189

Извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани изјави дека клубот ќе банкротирал да не бил инвестицискиот фонд „Елиот менаџмент“ и дека Калчото мора да го смета фудбалот за индустрија и да работи на правила за нови стадиони.

Мораме да заборавиме на тоа дека фудбалот е игра и ништо друго. Фудбалот е индустрија“, изјави Фурлани за Fortune Italia.

„Зборуваме за клубови кои имаат приход од стотици милиони евра и можат да донесат стотици милиони инвестиции во нашата земја. Фудбалот е извонреден инструмент за привлекување капитал и учество во растот на БДП на земјата.

Има системски проблеми во Италија, меѓу нив и спортската инфраструктура што е срамно, да се користи еуфемизам. Имаме сериозни проблеми со пиратеријата во телевизијата, плус низа правила и закони кои не ни помагаат да бидеме конкурентни на европско ниво.

„Значи, ако сите сакаме да го вклучиме овој голем дел од економијата во финансиската структура на пошироката земја, треба да соработуваме во синергија“, изјави Фурлани.

Милан беше под раководство на Силвио Берлускони повеќе од 30 години, но падна во хаос кога беше продаден на Јонгхонг Ли.

Мистериозниот кинески бизнисмен го заврши купувањето само со помош на заем од „Елиот менаџмент“ и кога не беше во можност да го отплати, американскиот фонд во го презеде клубот. Клубот вратен во добра финансиска состојба и мнозинските акции беа продадени на Cardinale’s RedBird минатата година.

По тешки години, повторното лансирање на овој клуб кој ја претставува историјата на италијанскиот фудбал во светот беше овозможен од фондот Елиот, кој ја избегна катастрофата од банкрот“, продолжи Фурлани.

Денес живееме во забрзана фаза на раст и ново важно поглавје на еволуцијата, поддржано од стратешката визија на Гери Кардинале, компетентноста и искуството на RedBird во спортскиот бизнис, медиумите, способноста за развој на светски брендови и создавање доблесни синергии. Започнавме фундаментален процес за да го премостиме јазот со најголемите клубови во Европа, пред се оние во Премиер лигата, кои можат да сметаат на поголеми приходи“, додаде директорот.

Милан работи на идејата за изградба на свој стадион и да се тргне од „Сан Сиро“ кој го дели со Интер.

Работевме повеќе од пет години за да му дадеме на Милан нов стадион и покажавме дека тоа е приоритет за нас. Од фундаментално значење за иднината на клубот е постојано да се враќа во елитата на меѓународниот фудбал. Странскиот бизнис е подготвен да инвестира во изградба на нови стадиони во Италија, но бирократијата ги спречува да го сторат тоа. Имаме желба и капитал на располагање, но невозможно е да се инвестира“, заклучи Фурлани.

ПретходноСопствениците на Њукасл ја купуваат и Рома: Понудата надминува 1 милијарда евра
СледноФлорент (Шкендија) и Решат Рамадани (Динамо Киев): Братска средба во Анталија! (ФОТО)