Во супер интересен меч од 1.коло во плеј-аут Суперлигата, екипата на Мулти Есенс успеа на гости кај Голден Арт да победи со 23:24. Голема, голем победа за младиот тим на Мулти Есен, момци откако заврши мечот и тоа како му се израдуваа на овој триумф.
Инаку самиот дуел започна израмнето, но на крајот од првото полувреме домашниот состав на Голден Арт се здоби со предност од пет разлика, на пауза се замина со резултат 16:11.
Но тоа не ги обесхрабри гостите кои одиграа неверојатно второ полувреме, посебно во одбраната кога на Голден Арт му дозволија да постигне седум голови.
Па така на крајот резултатот гласеше 23:24. Димевски кај гостите постигна десет гола и одигра фантастично, додека кај поразениот тим најефикасен беше Милошевски со седум погодоци.