Нов испад: Роналдо си ги избриша гениталиите со противничкиот дрес (ВИДЕО)

2597

Кристијано Роналдо целосно полуде на пријателскиот натпревар кој неговиот Ал Наср го загуби од Ал Хилал со 2:0. Првиот голем испад го имаше за време на натпреварот. Бесен на судијката на мечот, постојано и покажуваше да напушти теренот.

По мечот, фудбалерите на Ал Хилал ја покажаа својата почит кон своите ривали и направија шпалир, со овации ги испратија противниците. Ваквиот начин на почит кон него и соиграчите не му се допадна на Роналдо и намуртено замавна со раката.

На влегувањето во тунелот следеше уште еден испад на Роналдо. Навивачите на Ал Хилал од трибините ги фрлаа дресовите на својот тим. Роналдо подигна дрес од подот, го стави во гаќички и со него си ги избриша гениталиите. Сето ова го снимија ривалските фанови.

ПретходноЈокиќ во сенка на Дончиќ и неговата магија (ВИДЕО)
СледноЈакимовски „решеташе“ во НЦАА, пет тројки во победата на Вашингтон