Хаос во Белград: Навивачите ги нападнаа кошаркарите на Партизан, па се степаа меѓусебе (ВИДЕО)

5778

Партизан на домашен терен беше совладан од Баерн (78:79) во 26. коло од Евролигата. Српскиот тим водеше во текот на целиот меч во преполната белградска Арена, а потоа остана со празни раце со што ги разбесни „Гробарите“.

Со нов неверојатен пораз Партизан ја продолжи страшната серија, навивачите полудеа
Партизан со последниот неуспех ја продолжи серијата лоши резултати, петти пораз во низа, може особено скапо да го чини. Поради него падна на само 11. место во Евролигата со речиси 12-14 и ќе биде многу тешко во плеј-ин, плеј-офот да го продолжи натпреварувањето во нокаут фазата.

Телеграф пишува дека по натпреварот биле снимени сцени кои не се случиле откако Жељко Обрадовиќ се вратил во клубот пред четири години. Гробари, навивачите на Партизан, ги исвиркуваа играчите, не сакаа да се поздрават и ги повикаа кај нив. Следеа Свирежи и навреди од трибините, водачот на навивачите преку мегафон ги праша: „Чиј грб носите?!“

За тоа време припадниците на полицијата ги опколија играчите на Партизан и со штитови ги бранеа од навивачите. Но, играчот на Партизан, Понитка успеа да ја заобиколи полициската тампон зона. За малку ќе се пресметаше со навивач на Партизан.

И додека играчите одеа кон соблекувалната, дојде до конфликт меѓу навивачите на Партизан на трибините. Тие што ги критикуваа играчите се степаа со тие што ги бранеа. Нередите, кои во еден момент излегле од контрола, биле смирени со интервенција на полицијата.

Моментот можете да го видите ТУКА/.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

ПретходноЛига на нации: Почнуваме и завршуваме со Фарски острови
СледноJануари спектакуларен за играчите на ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите неверојатни 70 милиони