И дефинитивно фудбалот во Германија е нешто повеќе од живот за сите фанови. Па така одлуката на Германскиот фудбалски сојуз да им се дозволи на странски инвеститори да можат да влегуваат во клубовите наидува на гнев кај фановите. Тоа најубаво се виде вечерва на мечот од втората Бундеслига меѓу Хамбургер и Хановер, кога во второто полувреме беше во прекин околу 20 минути.
Фановите на двете екипи заеднички протестираа по оваа одлука, а посебно гостинските фанови се прославија со тоа што покажаа транспарент со мета на кој е претседателот на нивниот клуб и заедно со домашните фанови пееја песни против Германскиот фудбалски сојуз. Домашните фанови пак на еден од головите поставија ланци со катанци.
Ова се случуваше при резултат 2:3 за гостите кои на крајот победија со 3:4.