Шкендија одигра реми со украинскиот гигант Динамо Киев (видео)

550

Во подготвителен натпревар во Турција, екипата на Шкендија одигра 1:1 против Динамо Киев. Тетовци поведоа во 26. минута со голот на Денис Шала. Седумнаесетката на Шкендија шутираше по земја, а голманот не успеа да ја скроти топката и таа заврши во неговата мрежа.
На полувреме се отиде со предност на Шкендија, а во вториот дел 16-кратниот шампион на Украина беше подобар имаше и неколку добри шанси кои дефанзивците на македонскиот прволигаш успешно ги расчистија.
Сепак, Динамо го изедначи резултатот во 59 минута преку Кабаев кој во дуел еден на еден со еден дефанзивец на Шкендија успеа да помине и да шутира покрај Талески на голот.

ПретходноРоналд Куман: Да си тренер на Барселона е атак на сопственото здравје
СледноСопствениците на Њукасл ја купуваат и Рома: Понудата надминува 1 милијарда евра