Јокиќ во сенка на Дончиќ и неговата магија (ВИДЕО)

3726

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар. Словенецот со 39 поени, осум скока и 11 асистенции ги предводеше Далас Маверикс до победата против Њујорк Никс од 122-110.

Словенецот погоди седум тројки од 14 обиди и имаше вкупно 13/24 шут во уште една одлична партија во која просеците сезонава ги подигна на 34,6 поени и 9,4 асистенции по натпревар. Тој додаде 8,8 скока на тие бројки.

Посебно се издвојува едно негово додавање од почетокот на натпреварот. Во тој момент Дончиќ беше на тројка, со топка зад грб под кошот го пронајде својот соиграли за задоволство на коментаторите на мечот.

 

ЛА Лејкерс паднаа пред Денвер (106-114), а Никола Јокиќ беше стандарно добар, но овој пат неговите 24 поени, 13 скока и 9 асистенции беа во сенка на чудата што ги правеше Дончиќ.

На другата страна во редовите на Лејкерс, Дејвис имаше 32 поени, додека Леброн 25 поени.

Индијана беше убедлива поразена од Голден Стејт со 109-131, Орландо беше подобар од Сан Антонио со 127-111, Бруклин на домашен терен беше совладан од Кливленд со 95-118, Мемфис загуби од Чикаго со 110-118, Милвоки пак немаше решение за Минесота која на гости славеше со 105-129, Феникс на домашен терен беше подобар од Јута со 129-115 и Портланд беше совладан од Детроит по продолжение со 122-128.

ПретходноАндонова му даде гол на Сосиедад, но нејзиниот Леванте е елиминиран од Купот (видео)
СледноНов испад: Роналдо си ги избриша гениталиите со противничкиот дрес (ВИДЕО)