Во Хонг Конг бесни поради Меси, Интер Мајами се извини

129

Интер Мајами се извини бидејќи Лионел Меси не играше на егзибициониот меч во Хонг Конг, одлука што ги налути навивачите и ги разочара организаторите, но клубот од Големата фудбалска лига оцени дека е неопходно.

Аргентинецот, кој е осумкратен освојувач на „Златната топка“, во неделата поради повреда пропушти да излезе пред 40.000 навивачи на стадионот во Хонг Конг. Тој беше прегледан од медицинскиот персонал кој одлучи дека е премногу ризично за него и соиграчот Луис Суарез да играат.

„И покрај нашите најдобри намери, ние разбираме дека има разочарување поради отсуството на Лионел Меси и Луис Суарез на натпреварот во недела и жалиме што тие не можеа да учествуваат. Исто така, сфаќаме дека доцната одлука предизвика разочарување кај нашите поддржувачи во Хонг Конг и од организаторот на настанот. Но, мораме да разјасниме дека, здравјето на нашиот играч секогаш мора да биде на прво место“, се вели во соопштението на Мајами ФК испратено до агенцијата Ројтерс.

Организаторот на натпреварот објави дека ќе понуди делумно враќање на билетите по реакциите од гневните навивачи и владата поради отсуството на фудбалската ѕвезда.

Три дена подоцна, Меси (36) влезе во игра во 60. минута од пријателскиот натпревар на Интер Мајами во Токио, каде цели блокови седишта на Националниот стадион останаа празни и беа продадени само 28.614 билети.

ПретходноФИФА се огласи за синиот картон: Опуштете се!
СледноДешамп: Со почетокот на ЕП можеби Мбапе ќе ви одговори на прашањето кое ве мачи