Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ја коментираше ситуацијата околу Килијан Мбапе, кој повторно е блиску до преселба во Реал Мадрид.
„Знам дека многу луѓе се фокусирани на тоа. Килијан ќе донесе одлука и ќе ја објави кога ќе помисли дека е вистинското време“, изјави Дешамп и додаде.
„Кога Мбапе ќе дојде во кампот на репрезентацијата во март, ќе биде фокусиран на настапот со селекцијата на Франција во двете контроли. До почетокот на ЕП 2024 можеби ќе имате одговор на прашањето што ве загрижува“, изјави и Дешам на новинарите по ждрепката за Лигата на нации.
Селекторот на Франција додаде дека нема проблем со скочниот зглоб на Мбапе и тој се чувствува добро.
Се очекува 24-годишниот напаѓач да го напушти ПСЖ и да премине во Реал Мадрид на слободен трансфер на крајот од сезоната.