Апелационата комисија на шпанската фудбалска лига ја отфрли жалбата на Барселона за вториот жолт картон на напаѓачот Витор Роке. Бразилецот беше исклучен во мечот против Алавес, а „каталонците“ веднаш поднесоа жалба затоа што сметаа дека е неправедно опоменат.
Апелација ја потврди одлуката на судијата што значи Роке ќе биде казнет со еден меч односно нема да игра против Гранада во сабота на „Монжуик“.
Од Апелација истакнаа дека клубот нема цврсти аргументи за да биде укинат картонот и потврди дека Роке го удрил противничкиот играч по ногата во дуелот за топка иако на снимката се гледа како играчот на Алавес реагира со лизгачки старт.