Шкупи поразен на последната контрола во Анталија!

331

Фудбалерите на Шкупи попладнево во Анталија во пријателски меч беа поразени од Ќизлигум (Узбекистан) со 0:1, со гол од пенал. Според извештаите од таборот на чаирчани, тренерот Младен Жижовиќ на оваа средба настапил со комбиниран состав, но сепак Шкупи имал неколку шанси за да го избегне поразот, а најзрели биле тие на Трапановски и Гронер.

Утре експедицијата на Шкупи се враќа дома, каде што ќе ги одработи завршните подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел кој е закажан за следниот викенд.

ПретходноДортмунд покажа сила против Фрајбург! (ВИДЕО)
СледноЈа газеше линијата или не? По овој момент “делиите“ збеснаа! (ФОТО)