Јакимовски „решеташе“ во НЦАА, пет тројки во победата на Вашингтон

207

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со одличните игри во дресот на Вашингтон Стејт во НЦАА-лигата.

Овој пат неговиот тим го совлада Орегон на гостински терен со 58-62, а нашиот кошаркар се најде во центарот на вниманието. Јакимовски во игра мина 35 минути за кои постигна пет тројки од седум обиди, а зад неговото име запиша 15 поени.

 

ПретходноНов испад: Роналдо си ги избриша гениталиите со противничкиот дрес (ВИДЕО)
СледноКоби Брајант овековечен со бронзена статуа пред арената на Лејкерс