На Европското првенство во катаре за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува од 9-11 февруари во Тбилиси, Грузија нашиот репрезентативец во категоријата У21, борби -84 кг. Витомир Трајковски, обезбеди финале. Трајковски по дуелот со босанецот Халил Салиловиќ и победата од 2:1 обезбеди борба за златен медал.
Претходно Витомир во првото коло го победи италијанецот Лучиани Давиде со 3:2, во второто коло го победи претставникот од Албанија Мелос Гаши со 1:0 и во третото коло го победи независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6:1.
Финалето ќе биде во текот на утрешниот ден против претставникот од Ерменија Нерсисиан Гор.