Модриќ е уморен од лаги, донел одлука за новиот тим!

7421

Се чини дека нешто се случува во Реал, а тоа е под површина. Се повеќе пишуваат за незадоволството на Лука Модриќ од неговиот статус во тимот, а неговото заминување  станува јасно како ден.

Дон Балон во петокот објави текст со наслов „Тензиите на Бернабеу поради големата лага на Анчелоти кон Модриќ, ќе го напушти Реал по бунт“, во кој детално го опишува незадоволството на Модриќ.

„Вистина е дека Модриќ не успеа да блесне во своите настапи како и обично за време на престојот на „Сантијаго Бернабеу“, пишува Дон Балон и продолжува:

„Извори од клубот денеска коментираат дека играчот е многу разочаран од малкуте можности што му ги дава Анчелоти бидејќи имаа неколку разговори за неговиот статус во тимот пред продолжувањето на договорот“.

Главната причина поради која Флорентино Перез реши да му се заблагодари на Модриќ е експлозијата на Џуд Белингем, за која беа издвоени 100 милиони евра.

Англичанецот се адаптираше многу побрзо од очекуваното, за кратко време стана лидер не само на средниот ред туку и на целиот тим, а во Реал веруваат дека веќе не им е потребен Модриќ.

Дон Балон наведува дека иако Модриќ се чувствува измамен, тоа нема да го спречи да го добие едно од најдобрите збогувања во историјата на Реал Мадрид.

Во меѓувреме стигна веста дека Модриќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами каде соблекувалната би ја делел со Лео Меси. Очигледно Дејвид Бекам до сега неколку пати ја испробал среќата и верува дека обидот на лето ќе биде успешен и дека ќе успее да го победи Хрватот.

Модриќ во неколку наврати изјави дека би сакал да остане во Реал и да ја заврши кариерата во кралскиот клуб, но таа желба нема да му се исполни.

ПретходноТежок пораз за Нагетс: Литванецот го надигра и го прескокна Јокиќ (ВИДЕО)
Следно40 години од ЗОИ: Сараево ја живее зимската бајка од 1984 година!