Салернитана ќе има и трет тренер сезонава

161

Салернитана го избрала Фабио Ливерани за трет тренер оваа сезона, откако реши да го отпушти Пипо Инзаги. „Скај Спорт Италија“ пренесе дека Ливерани ги договорил личните услови со клубот и ќе стави потпис на договорот во недела. Договори ќе трае до 30 јуни.

47-годишниот Ливерани се враќа на клупата на некој тим во Италија, откако имаше кратка авантура на клупата на Каљари.

Инзаги ја презеде работата во Салернитана на 10 октомври и оствари три победи, четири нерешени и 11 порази во Серија А и Копа Италија.

ПретходноТиери Анри: Социјалните мрежи ви го перат мозокот!
СледноПСЖ со пресврт до победа над Лил, Мбапе остана на клупата