Скудетото им се насмевнува на „нероаѕурите“: Интер победи на „Олимпико“

134

Фудбалерите на Интер ја совладаа Рома со 4:2 како гости на стадионот „Олимпико“ во дербито од 24. коло од италијанската Серија А и зачекорија уште поблизу до Скудетото. Покрај дождок кој врнеше за време на целиот меч, вечерва на „олимпико“ имаше и дожд од голови и пресврт победа за гостите.

Интер во 17. минута преку Ачерби дојде во водство од 0:1, но Рома одигра многу подобро во завршниот дел од првото полувреме. И со головите на Џанлука Мансини и на Ел Шарави успеа да одмор да замине со предност од 2:1.

Сепак, по само четири минути во вториот дел Турам израмни на 2:2, а со автоголот на Анхелињо, Интер во 56. минута успеа да дојде до ново водство (2:3). Во судиското надополнување, Интер ја запечати победата со голот на Бастони.

ПретходноШампионот со скратен состав до нова победа, ФМП ја доби драмата со Вардар
СледноРеал ја „нокаутираше“ Џирона и силно зачекори кон титулата