Трикратната олимписка шампионка ја завршува кариерата по ЛОИ во Париз

70

Трикратната олимписка шампионка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, изјави дека официјално ќе ја заврши својата богата кариера веднаш по Олимписките игри во Париз кои ќе се одржат годинава .

Легендарната Јамајканка изјави дека се посветува на семејството.

Потребна сум му на синот, а со сопругот сме заедно од самиот почеток на моите блесоци. Се жртвуваа за мене, а сега е време јас да им возвратам со љубов и постојано присуство“, изјави 37-годишната спринтерка.

Фрејзер-Прајс во кариерата освои златни медали на 100 метри во Пекинг (2008), во Лондон (2012) и злато во штафетата 4 x 100 метри во Токио (2021). Исто така има четири сребрени медали од олимпијадите, како и бронза од Рио во 2016 година.

ПретходноДемант од Италија: Конте никогаш не се понудил, тој сака да води само еден тим!
СледноЃорческа запрена во четвртфиналето во Анталија