ТФТ и Чаир со победи на гостувањата во Гостивар и Гевгелија

58

Кошаркарите на ТФТ ја продолжија одличната низа победи во домашниот шампионат. Вечерва на гостувањето кај Гостивар, составот од Тафталиџе славеше со 77-91 и ја забележа 11-тата победа во домашниот шампионат.

Одлучувачко за победата на гостите беше она што се случуваше во првото полувреме. ТФТ направи голема предност во приот период (+15), на што додаде уште два поени во втората четвртина и со +17 гостите отидоа на пауза. Гостивар потоа и после сите обиди не успеа да се врати во мечот.

Николов постигна 24 поени, додека Зафиров додаде 19 во победата на ТФТ. Кај Гостивар, Инграм постигна 31 поен, а одличен беше и Вилијамс кој запиша 21 поен.

Сличен развој на настаните имаше и дуелот во Гевгелија. Таму Чаир во вториот период направи +15 со што го однесе мечот до трета последователна победа со 70-86.

Двоецот Галовеј-Какруки одигра уште еден одличен меч. Галовеј заврши со 23 поени, додека Какруки нанижа 21 поен.

ПретходноВитомир Трајковски утре ќе се бори за злато на ЕП за младинци
СледноГвардиола во својата кариера му се извинил само на еден играч!