Андреас Трајковски со сребро и со нов македонски рекорд! (ВИДЕО)

97

На 28-та Балканијада во атлетика во сала која се одржува денес во Истанбул (Турција) Андреас Трајковски го освои сребрениот медал со нов македонски рекорд во сала со резултат од 7.79 метри. Андреас до последната серија беше на првото место со скок од 7.75 метри, но Лука Чукркович од Хрватска во 6-та серија прескокна 7.81 метри. Андреас во 6-та серија прескокна 7.79 метар но недоволно за златото. Бронзениот медал го освои Божидар Сарабуков од Бугарија со 7.74 метри.

Следен настап Андреас ќе има на 13-ти февруари во Белград на меѓународен атлетски митинг во сала.

ПретходноПелистер со многу мака до победа против Феникс 2010!
СледноЈетон Беќири: Верувам дека Шкендија пролетниот дел го дочекува подготвена!