Фудбалерите на Чаби Алонсо вечерва ја извојуваа најважната победа сезонава во Бундеслигата. Баер (Л) на домашен терен со 3:0 го порази досега неприкосновениот шампион Баерн (М) и се одвои со пет бода предност на врвот на табелата.
Директнот дуел одигран вечерва во Леверкузен, може да се покаже како клучен во борбата за шампионскиот трофеј. Фантастичните „фармацевти“ предводени од шпанскиот стратег покажаа зошто сезонава играат најдобар фудбал во Германија. Со голот на Станишиќ уште во 18. минута поведоа со 1:0, а на самиот почеток на вториот дел Гримално веќе зголеми и на 2:0.
Печат на големата победа стави Фримпонг со голот во 95. минута. За доминацијата на Баер (Л) доволно зборува и фактот што баварците шутнаа само еднаш во рамките на голот на домашните.