Детонит се пофали со Лука Трајкоски! (ФОТО)

356

На една недела до стартот во пролетната полусезона во ВМФЛ, екипата на Детонит се пофали дека успеала да ангажира големо засилување и тоа Лука Трајкоски.

Офанзивецот кој има 24 години дојде од Вардар, а претходно настапуваше и за екипите на Победам, Борец, Тиквеш и Македонија ЃП.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Секако дека со Лука Трајкоски амбициите на Детонит во пролетниот дел се уште поголеми, од овој клуб не кријат дека го “бркаат“ тоа место кое води во ПМФЛ.

ПретходноПријателски: Брегалница го декласира Кожув, Гостивар го победи Тиквеш!
СледноМакедонецот тресе ли тресе: Два гола на Миовски за осум минути!