Михаил Бришки е новото засилување за Вардар

2095

Нов фудбалер во Вардар, засилување во средниот ред и голем талент од пред неколку години кој има играно со Динамо Загреб во младинските дуели од Лигата на шампионите а бил и дел од хрватската репрезентација до 17 и 19 години.

Станува збор за деструктивецот Михаил Бришки кој од среда е со „црвено-црните“ и ќе се регистрира за Вардар во последниот ден од предниот рок во Македонија. Бришки е фудблер кој има 25 години и околу 100 настапи за екипата на Табор Сежана во шампионатот на Словенија каде постигнал и 8 голови.

No description available.

Тој изминативе 6 месеци настапувал во Серија Д од Италија и екипата на Санџулијано. Со овој фудбалер Вардар се засилување на позицијата каде му беше неопходен уште еден нов фудбалер.

Со Вардар тренира и Нигерецот Проспер Обиора Нвачукви кој има 20 години и кој играл за словенечкиот второлигаш Јадран од Декани. Тимот на тренерот Горазд Михаилов утре во Петровац игра со Саса како генералка пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

ПретходноПријателска: “Лавовите“ ремизираа со Беса!
СледноХаланд со два гола го урна Евертон! (ВИДЕО)