Синоќа во 24. коло од шпанската Ла Лига, Кадиз на домашен терен беше поразен од Бетис со резултат 2:0. По овој триумф Бетис се доближи до друштвото на врвот на табелата во пресрет на европските дуели со Динамо.
Од друга страна, Кадиз последен пат славеше во септември и се наоѓа во зоната за испаѓање. Само три бода ги делат од безбедносната зона, но навивачите се многу загрижени поради лошата форма на тимот. Затоа се решија на интересен протест.
На крајот од 93. минута теренот го покрија со пластични мантили, а судијата реши да го заврши натпреварот минута порано.
🚨| The scenes at the Estadio Nuevo Mirandilla as Cadiz fans throw plastic raincoats onto the pitch in protest of the club’s performances.
The referee had to blow for full-time early.
pic.twitter.com/Bii2gZSKHp— Red Card Alert (@collinabanter) February 9, 2024