Денеска е ден за пријателски средби, или “генералки“ за нашите прволигашки и второлигашки екипи за пролетниот дел кој стартува следниот викенд.
Па така во Штип, Брегалница со 3:0 просто го декласира второлигашот Кожув. Стрелци на головите за тимот на Горан Здравков беа Андерсон во 11.минута, Робакидзе во 27. и Селмани од пенал во 43.минута.
Гостивар пак ја свој терен во “прволигашкото дерби“ успеа со 3:1 да слави над Тиквеш.
Јонус донесе водство за гостиварци во 4.минута, Кико Стојкоски израмни на 1:1 во 37.минута. Во второто полувреме со головите на Атиемвен и Кировски домашните славеа со конечни 3:1.