Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем чекор кон враќањето на шампионската титула во Ла Лига. Вечерва во дербито на досегашниот дел од шпанската Ла Лига, ја надиграа Џирона со 4:0, па се одвоија на врвот на табелата со пет бода.
Двоен стрелец беше Белингем, а погодија и Винисиус и Родриго. На крајот можеше да биде и поубедливо, но Хоселу промаши пенал.
После долго време избраниците на Карло Анчелоти одиграа перфектен натпревар, а гостите кои досега беа перфектни, денеска не успеаја ниту да шутнат кон противничкиот гол.