Со три гола од пенал, фудбалерите на Катар ја одбранија титулата Азиски шампиони, на првенството на кое беа домаќини. Во големото финале одиграно денеска на стадионот „Лусаил“, Катар славеше со 3:1 на средбата со Јордан.
Катар покажа дека титулата во 2019 година не е случајна, победувајќи на секој меч на турнирот, освен оној во четвртфиналето кога Узбекистан беше исфрлен на пенали. Јордан одигра најдобро азиско првенство во историјата, но немаше сили за комплетна сензација.
Апсолутен херој на финалето беше Акрам Афиф, најдобриот играч на Катар на овој турнир. Тој постигна хет-трик, а сите голови ги постигна од белата точка во 22. , 73. и 94. минута.