Кошаркарите на ТФТ ја продолжија одличната низа победи во домашниот шампионат. Вечерва на гостувањето кај Гостивар, составот од Тафталиџе славеше со 77-91 и ја забележа 11-тата победа во домашниот шампионат.
Одлучувачко за победата на гостите беше она што се случуваше во првото полувреме. ТФТ направи голема предност во приот период (+15), на што додаде уште два поени во втората четвртина и со +17 гостите отидоа на пауза. Гостивар потоа и после сите обиди не успеа да се врати во мечот.
Николов постигна 24 поени, додека Зафиров додаде 19 во победата на ТФТ. Кај Гостивар, Инграм постигна 31 поен, а одличен беше и Вилијамс кој запиша 21 поен.
Сличен развој на настаните имаше и дуелот во Гевгелија. Таму Чаир во вториот период направи +15 со што го однесе мечот до трета последователна победа со 70-86.
Двоецот Галовеј-Какруки одигра уште еден одличен меч. Галовеј заврши со 23 поени, додека Какруки нанижа 21 поен.