Шампионот со скратен состав до нова победа, ФМП ја доби драмата со Вардар

117

По двата врзани порази, шампионот МЗТ Скопје А. успеа да ја прокнижи втората победа и да се врати на победнички патеки во домашниот шампионат. Денеска на средбата со Охрид, „штрковите“ славеа со 81:68, во меч во кој домашните одиграа без Војдан и Дамјан Стојановски.

Најефикасен во победата беше Делалиќ со 21 поен, но добар меч одиграа и Танасковиќ со 15 и Крстевски со 14 поени.

Многу повозбудливо беше на дуелот меѓу ФМП Академија и Вардар. Таму гостите одиграа одлично во првото полувреме и на пауза заминаа со 8 поени предност. Сепак, во вториот дел ФМП успеа да се стабилизира и постепено да се враќа во мечот. Клучна беше последната четвртина во која домашните „додадоа гас“ и на крајот го ршија мечот во своја полза со 80:74.

Нилд постигна 19 поени во победата на ФМП, додека кај Вардар, Наков заврши со 15.

ПретходноВардар издржа едно полувреме во Битола, Пелистер убедлив на дербито!
СледноСкудетото им се насмевнува на „нероаѕурите“: Интер победи на „Олимпико“